Најмалку 30 лица се погинати и над стотина се ранети во Ница откако камион од 4 тони се забил во толпа луѓе во четвpтокот вечер околу 22.3о часот на славната улица на Ница, Променада на Англичаните. Насобраните луѓе го гледале огнометот по повод францускиот државен празник, јавија Нис Матен и други француски медиуми.
Се уште не е утврдено дали се работи за терористички напад или криминално дело. Властите се внимателни во тој поглед со оглед на терористичките напади во Франција во 2015 година.
Француските медиуми јавуваат дека полицијата не може да воведе ред и дека во градот владее хаос и паника.