Вести Свет

СВЕТОТ ВО ШОК – КРВАВА НОЌ ВО НИЦА

Сподели:

French soldiers cordon the area after at least 30 people were killed in Nice, France, when a truck ran into a crowd celebrating the Bastille Day national holiday July 14, 2016. REUTERS/Eric Gaillard

Најмалку 84 лица загинаа, а околу 100 други се ранети, доцна синоќа во францускиот град Ница, кога камион удри во толпата луѓе кои го следеа огнометот во чест на националниот празник на Франција 14 јули.

 Градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози, потврди дека повеќе од 80 лица се убиени во „најлошата трагедија во историјата на Ница“. Тој додаде дека камионот бил преполн со оружје и со гранати.

nice-attack-art4

Полицијата располага со информации дека напаѓачот е 31 годишен маж со потекло од Тунис, пренесува Раша тудеј.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека се работи за терористички акт. Тој денес ќе го посети градот Ница и најави дека вонредната состојба во државата која требаше да трае до 26-ти овој месец ќе продолжи уште три месеци.

Досега уште никој не ја презел одговорноста за овој грозоморен чин.

Сподели: