Градски Парк, 19 Август, 17:00ч
Школка во звук е музички и мултимедијален настан кој по втор пат се организира во Градскиот парк Скопје. Целта на проектот Школка во звук е да привлече што повеќе млади луѓе да настапат пред публика и да се афирмираат. Со оглед на тоа што настанот опфаќа и активности врзани со уметност, дизајн, социјални медиуми, тој претставува и промоција на урбана култура на креативни млади од една урбана средина.
Ова е прв настан од ваков вид во Македонија и планот е да се одржува секоја година. Град Скопје го препозна значењето на Школка во звук и го поддржа со средства наменети за културата во градот.
Оваа година на Школка во звук ќе настапат 6 бендови составени од млади, по правило, неафирмирани музичари.
Тоа се следните бендови:
– Metanoia
– Vlad and the Mountain Barons
– Contact 59
– Visterija
– Crvena Cipela
– Decibell