ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне во западните и југозападните делови со повремен локален дожд со послаб интензитет. Попладне ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степени.

 

 

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претпладне променливо облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
T= 21 °C, P= 988 hPa, U= 62 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2): 46 Претор, 29 Скопје-Зајчев Рид, Крушево, 21 Попова Шапка, 19 Лазарополе, 18 Охрид, Тополчани, 14 Тетово, 13 Скопје-Петровец, 12 Маврови Анови, 11 Битола, 9 Прилеп, 7 Пожаране, Ѓуриште, 4 Дебар, 1 Берово.

За викендот и во првите денови од следната седмица ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.