Клубот на српски емигранти „Темпо“ и клубот на иселениците Албанци „Косова“ се натпреваруваат во седмата фудбалска лига на Германија.
Екипите го играа натпреварот, а од трибините се слушаа националистички извици, а судијата, кој е полицаец, беше погоден со шише во глава што наводно полетало од српскиот дел на трибините, пренесува Би-Би-Си.
Ваквиот развој на настаните го осудија и двајцата тренери, кои по спортскиот поздрав истакнаа дека инцидентот „нема никаква врска со фудбалот“.
Тренерот на „Темпо“, Зоран Марчетиќ рече дека „ го боли душата“, на што неговиот колега од ривалскиот табор, Ружди Статовци, одговори: „И мене многу ме боли душата“.
– Има уште некои работи на Балканот што луѓето ги мешаат со политиката. Тоа нема врска со политика. Тоа е фудбал и ништо друго, додаде Статовци.
The post Хаос во ниските лиги во Германија – Судијата погоден со шише во глава, мечот прекинат! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico