Со „Скопје смарт сити“ младите сами ќе ги дефинираат приоритетите и ќе креираат политики

Сподели

 

СДСМ е партнер на младите и на централно и на локално ниво, се отвораат младински центри и младински локални совети во сите општини.
 
Во Скопје го воведуваме проектот Смарт сити, Скопје без шалтери. Со Смарт сити, Скопје сите услуги ќе ги дава онлајн и со тоа станува првиот целосно дигитализиран град во регионот. Со Смарт сити, граѓаните, младите, директно и сами одлучуваат за тоа каде и како се вложуваат нивните пари.
 
Преку апликацијата „Мое Скопје“ на својот мобилен телефон, младите ќе можат да гласаат за предлози, да дефинираат приоритети и со тоа самите да ги креираат политиките во градот.
 
Со проектот се зголемува инклузивноста на сите граѓани, а пред се на младите. Односно ги вклучуваме граѓаните дирекно во процесите на одлучување.
 
СДСМ, соопштение