Германската канцеларка Ангела Меркел го осуди обидот за државен удар во Турција и рече дека Берлин стои со оние кои ја бранат демократијата и владеењето на правото во Турција.
– Трагично е што толку многу луѓе страдаа за време на обидот за пуч. Крвопролевањето во Турција мора да се запре веднаш – рече Меркел на прес-конференција во Берлин.
Германската канцеларка наведе дека турскиот народ има право да го избере својот политички лидер на слободни избори и дека политичките промени треба да се остварат единствено во рамките на политичките институции и правилата на демократската конкуренција.
meta.mk