Ми се втури в лице со овие зборови кога сакав да ѝ кажам дека не и го разбирам пристапот. Втренчено гледав во нејзините очи, а под асталскиот чаршав ја чувствував. “Ме збуни!” – ѝ реков. Се насмеа саркастично и ме праша дали ми е прв пат. -“Прв пат?”- повторив. Реков дека ми е прв пат, некоја да седи со мене во кафуле кое е преполно и да флертува на начин кој нималку не е соодветен за вакво место. Да ме допира малку по малку движејќи ги нејзините ножни прсти кон мојата машкост. А јас? Ма јас бев напнат ко никогаш дотогаш. Веќе при крај на моите студии по медицина не би требало вакво нешто да ме изненадува. Но, ете, ме изненади нејзиниот пристап. Она беше само келнерка која ми ја донесе порачката. Се препотив. Она точно знаеше што сака. Кафето и сладоледот со кои ја частев, сигурно не. Она добро ја знаеше својата цел, но за жал за тоа сега сум свесен. Ме сакаше мене, без пардон. -“Однеси ме одвде.”- ми шепна тивко, а јас само успеав да ја однесам до тоалетот на блискиот Мол. Ја земав, или ме зема она мене. Маестрално и умешно направи нешто што нема да го заборавам цел живот. Следната средба. -“Трудна сум”! – извика радосно. -“Но,чекај…едвај се познаваме. Ти ми го донесе кафето и сладоледот и сакав да покажам љубезност, па порачав исто и за тебе. Знаеш,имам девојка…тоа е лудо. Дали си сигурна?”- Шок е преблаг збор за сите удавени чувства во мене. – ” Сигурна”! – климна со главата, а јас погледот го спуштив кон валканиот под, таму некаде, не знам ни каде.
Таа остана во Скопје, а беше од некое село во Демир Капија. Ја оженив. Никогаш повеќе кафе и сладолед на минување во некои од локалните кафетерии. Да. Таа ми роди син и се омажи за лекар-специјалист. Сеуште ги забележувам валканиците каде и да се околу мене, а таа сеуште оди со пријателките на кафе и сладолед. Јас ноќите ги минувам во кафетеријата на Клинички. И…само таму си дозволувам да јадам сладолед. Се прашувам понекогаш, со кои пријателки го минува времето? Како и да е, го минува!