Ѓумбирот е фантастична намирница која не се користи само во прехраната како зачин, туку и во третирањето на мачнини и проблеми со желудникот. Сепак, уште пофасцинантни податоци пристигнуваат од резултатите на новата студија која покажува дека оваа билка е исклучително успешна во третирањето на различни облици на канцер.
Студијата врз глувците ја спроведоа истражувачите на Џорџија Стејт универзитетот, а таа покажа дека екстрактот од ѓумбир е во состојба да ја намали големината на туморот на простатата за дури 56%. Покрај тоа, се покажа дека ѓумбирот го намалува воспалението на организмот.
Уште една студија спроведена од страна на непрофитната организација “PLoS” покажа дека ѓумбирот игра клучна улога во третирањето на ракот на дојката и матичните ќелии на ракот, за кои е познато дека е исклучително тешко да се убијат.
“Матичните ќелии имаат способност за регенерација и самообновување, поминуваат низ разни промени и мутација, па така се отпорни на конвенционалното лечење како хемотерапија, а често се способни да се делат и да формираат нови колонии на ракот. Единствен начин да се третира туморот е да се уништат матичните клетки во него”, се вели на страната на “Health Nut News”.
Кога коренот (ѓумбирот) се суши и готви, во него настанува органско соединение шогаол. Фасцинантен е начинот на кој ова соединение се бори против матичните ќелии на ракот.
“Истражувањата покажаа дека шогаолот влијае само на ќелиите на ракот и ги убива само нив, но не и здравите ќелии, за разлика од на пример хемотерапијата, која покрај ќелиите на ракот, ги убива и здравите ќелии”.