Извршниот и Централниот одбор на СДСМ вечерва заседаваат за актуелните случувања

Сподели

 

Теми на вечерашната седница на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ која е закажана за во 20 часот, е најавената оставка на премиерот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, анализа на изборните резултати и последните случувања на политичката сцена по поднесената иницијатива за доверба на Владата.

Во СДСМ во изминатите денови се водат секојдневни консултации и работни состаноци со партнерите во коалицијата од парламентарното мнозинство, како и во рамки на највисокото партиско раководство.

– СДСМ продолжува да разговара и да иницира соработка со сите прогресивни и демократски сили, со цел да ја обезбедиме стабилната иднина на нашата држава и целиот наш народ, истакнуваат од партијата.