Карпош е најеколошка општина за 2020 година

Сподели

 

Општина Карпош е победник на „Изборот за најеколошка општина за 2020 година“, преку конкурсот којшто традиционално го распишуваат „Пакомак“ и „Балкан еко“ институт-Скопје.
 
 
 
 
Финалното оценување на конкурсот беше спроведено преку неколку претходно пропишани критериуми, меѓу кои, количината на собран селектиран отпад од пакување, од домаќинствата, деловните субјекти и училиштата, бројот на поставени нови контејнери за селекција на отпад на јавните површини, висината на средства во општинскиот буџет предвидени за екологија во тек на 2020 година, бројот на реализирани еко-проекти и бројот на јавни кампањи спроведени од општината за подигање на свеста за екологијата.
 
 
 
 
Покрај Карпош како победничка општина, помеѓу трите најеко општини се најдоа и Општина Кочани и Општина Крива Паланка.
 
Општините Карпош и Кочани како прво и второ рангирани ќе добијат детски игралишта изработени од еколошки материјали, а Општина Крива Паланка како треторангирана ќе добие садници.
 
За нивните резултати постигнати во текот на минатата година, сите три општини ќе бидат наградени од „Пакомак“ и „Шпаркасе Банка“ .