Ѓулен го обвинува Ердоган дека го исценирал воедниот удар

Сподели

Исламскиот проповедник и прв опонент на турскиот претседател Ердоган, Фетула Ѓулен, смета дека воениот удар е дело на самиот претседател, но дека тој би ја прифатил евентуалната екстрадиција доколку Американците го испорачаат во Турција.

Инаку, САД одбиле да му дадат азил на командантот на турската воздухопловна база „Инџирлик“, кој од властите во Турција е обвинет за вмешаност во неуспешниот обид за државен удар, објави весникот „Њујорк тајмс“.

Во текот на викендот, генерал Бекир Ерџан Ван од претставниците на американските власти побарал азил, а Американците го одбиле барањето. Генералот Ван бил приведен заедно со други офицери.

Во „Инџирлик“ се сместени авионите што САД и нивните сојузници ги користат за изведување на воздушните напади во Сирија и Ирак врз терористичката групка Исламска држава.

Турскиот претседател во меѓувреме нареди борбените авиони да го патролираат воздушниот простор над земјата и соопшти дека пучот е задушен.

Според последните информации во текот на бутнот убиени се 290 луѓе, а 1.440 се ранети.

Во рамки на ситрагата досега се уапсени 6.000 луѓе, а над 8.000 полицјаци добиле отказ за кои властите се сомневаат дека се поврзани со неуспешниот обид за соборување на Ердоган.

извор Нова ТВ