Од рано утринава отворени се пунктовите за вакцинација против сезонски грип, информираа од Министерството за здравство.
Заинтересираните граѓани можат да се пријават на vakcinacija.mk и по СМС порака смс ќе добијат термин.
“Годинава обезбедивме 40 илјади вакцини наменети за имунизација на ризичните категории на граѓани. Вакцините за нив ќе бидат бесплатни. Дополнително обезбедени се и вакцини за комерцијална употреба”, изјавија од МЗ.