Конституиран е новиот состав на Советот на Општина Центар

Сподели

 

Со порака за успех и работа во интерес на граѓаните, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски им го честиташе почетокот на работата на новите советници во општинскиот Совет.

 

 

На денешната прва конститутивна седница, имаше три точки за работа на дневниот ред: Избор на претседател и на членови на Верификационата комисијa на Советот, усвојување на Извештајот на Верификационата комисија со предлог за верификација на мандатите на членовите на Советот и избор на претседател.

 

 

Конститутивната седница ја водеше највозрасниот советник во Советот, Виолета Велковска од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, која по верификувањето на мандатите на новите советници, ја прекина седницата, која ќе има продолжение во наредниот период, кога ќе треба да биде избран и претседателот на Советот на општината.

Во овој состав на Советот најмногу советници, 9, има СДСМ со коалицијата, потоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со 8 советници и Левица и иницијативата „Шанса за Центар“ со по три советници.