Со неуспехот на регресивната иницијатива за изгласување недоверба на Владата на Република Северна Македонија, уште еднаш се докажа дека силите анти НАТО, анти ЕУ, анти пријателството со Вашингтон и Брисел не можат да победат над евроатлантскиот пат на земјата.
Синоќа уште еднаш се потврди ориентацијата на суверенот на Владата на патот кон големото европско семејство, слободата, еднаквоста, реформите, добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи.
Демократската Унија за Интеграција оценува дека по вчерашните настани победија граѓаните и прогресивните евроатлански сили, пријателството со Европската Унија и Соединетите Американски Држави.
Победи волјата на граѓаните на Република Северна Македонија, како земја која веќе го има дефинирано патот на интеграцијата, пријателството со соседните земји, пријателството меѓу заедниците кои живеат во земјата и кои имаат јасна и несомнено евроатлантска перспектива.
Демократската Унија за Интеграција високо го цени ставот на сите пратеници како легитимни претставници избрани од граѓаните, лидерите на политичките партии кои се дел од проевропската коалиција и кои стоеја цврсто на нозе.
Лажните вести што ги пренесоа сојузниците на Левица – Таравари и Села, Касами и Хоџа целосно пропаднаа. Тие го немаат мандатот од народот и мора да се извинат за целиот стрес што вчера им го предизвикаа на граѓаните.
Демократската Унија за Интеграција ги уверува граѓаните дека ќе остане силна на евроатлантскиот пат и ќе продолжи да работи во насока на интеграција на земјата во Европската Унија, бранејќи ја по секоја цена судбината на граѓаните и работејќи за подобар живот за сите.