ЛАЈКА го спаси кучето ДИЛЕК од еутаназија

Сподели

 

Лажни пријави за каснување од бездомни кучиња се почесто се секојдневие во Лајка. Овие  пријави се најчесто резултат на испровоциран напад од граѓани и овие кучиња подлежат на 14 дневен надзор во прифатилиштето на ЈП Лајка, a потоа мора да се вдомат во рок од 30 дена.
 
Таква е приказната и за кучето Дилек. Дилек е љубов.
 
 
 
 
Пријавена за каснување со целосна документација и протокол за надзор.
Ги испочитувавме сите законски прописи и рокови иако констатиравме дека се работи за испровоциран напад. Ги издржавме и сите притисоци и инспекции и ја спасивме од решение за еутаназија.
 
Да, Дилек има свој дом.
Огромна благодарност до вдомувачите за овој хуман гест.