Легендарниот Мухамед Али се плашел само од еден боксер – Само тој не може да го победи!

Сподели

 

Кога ќе ги прашате љубителите на боксот кој прв ви паѓа на памет кога ќе се спомне спортот, одговорот речиси сигурно ќе биде Мухамед Али.

али2

Еден од најдобрите боксери на сите времиња почина во 2016 година, но приказните за неговите успеси и борби не престануваат.

Од време на време се појавува нешто ново. Како, да речеме, влегувањето во рингот на неговиот внук Ник Али Волш. Беше неприкосновен во рингот, не покажуваше страв, но се плашеше од еден човек.

Друг познат боксер, Џорџ Форман, откри дека Али се плашел од друга легенда – Мајк Тајсон. Очигледно само од него се плашеше.

“Тој самиот ми го кажа тоа. Кога го прашав дали мисли дека Тајсон може да победи било кој во секое време, тој ми одговори: “Мајк удира многу силно”. Еднаш ми призна дека не бил убеден дека може да го победи Тајсон”, раскажуваше Форман.

Тајсон и Али не успеаја да ги измерат силите, а во една прилика токму тоа го прашаа Мајк – кој ќе победеше ако беа во својот зенит во рингот.

“Знам дека сега е само фантазија. Според мојата фантазија, јас би победил, но нема шанси да победам во вистинска борба. Али е најголемиот во историјата”, рекол Тајсон.