Каракачанов: Немам зборови да искажам тага и болка од страшната несреќа

Сподели

 

Красимир Каракачанов на својот Фејсбук профил напиша дека нема зборови со кои може да искаже тага и болка за страшната несреќа на македонскиот автобус во Бугарија.

„Страшно, тешко и неразбирливо. Немам зборови да искажам тага и болка од страшната несреќа на автопатот „Струма“ пред неколку часа.
45 души, меѓу нив и деца, си заминаа од овој свет. Нашите браќа и сестри од Македонија. Бог да ги прости!“, пишува Каракачанов.