Османи: Се работи на идентификација и побрзо пренесување на жртвите во Скопје

Сподели

 

Дадов насока да се изготви посебен протокол за употреба на СОС телефонот во МНР, со цел да им се излезе во пресрет на големиот број барања на граѓаните за информации во врска со нивните најблиски, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Како што сум информиран, во овој момент комуницирани се практично сите роднини на настраданите што утринава беше најголем приоритет за министерството

Веднаш дадов насока да се испратат и двајца искусни дипломати како дополнително засилување во амбасадата во Софија, со што ќе се олесни координацијата на активностите меѓу институциите овде во Скопје и во Софија, а истите ќе преставуваат и фокусирана точка за координација на активностите на семејствата на настраданите и повредените во претстојниот период. Тие се веќе таму и уште од вечерва почнуваат со своите активности. 

Продолжуваме со координативните активности според договорената динамика со нашите колеги од Софија. Правосудните институциите се веќе во директен контакт во врска со завршување на процесот на идентификација преку ДНК анализата. Како министерства за надворешни работи отворивме линии брза за размена на информации, со цел да можат да се координираат и активностите на роднините на настраданите за процесот на идентификација, додаде Бујар Османи. 

По завршување на процесот на идентификација ќе следи и организиран постапка за пренос на телата на починатите, активност која ќе ја координираме заедно со Министерството за надворешни работи на Бугарија, кои, пак, преземаа обврска за координација на останатите институции кај нив во Софија.