Наградени припадниците на Армијата за успешно справување со пожарите

Сподели

 

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во касарната „Илинден” додели награди и стимулативни мерки на припадници на Армијата, за вложениот труд и остварените резултати во гасењето на пожарите што ја зафатија територијата на Република Северна Македонија.

Со парична награда од 20.000 денари наградени се14 лица од воздухопловниот Винг, со10.000 денари 274 службеници од командата за операции, 10 лица од баталјон за специјални лица и 12 од разузнавачиот баталјон. Три дена отсуство ќе им следува на 298 лица.

-Од најлошо спасивте куќи, манастири затоа сме тука да ви кажеме едно големо „благодарам“. „Благодарам“ што службата на државата ви е пред се.Покажавте дека сте вистински луѓе со принципи и интегритет. Војници со цврст карактер за кои во речникот не постои откажување.Во трката да се спаси секоја педа од нашата татковина, ниту еден од вас не беше повреден.Ние се потправме на вашата храброст и работата на терен. Жртвата која ја превземавте не ја правевте за пофалници ниту за пари ниту за слободни денови, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска.