Конференција “Меѓународен архивски ден”: Архивите и предизвиците на новото време

Сподели

 

Претставници на Државни архиви од над стотина земји учествуваа на 31-та Конференција – “Меѓународен архивски ден”.
 
Нашиот Архив беше претставен од директорот, д-р Емил Крстески и од Светлана Успрцова, раководител на Сектор.
 
 
 
 
Рефератите што беа презентирани на оваа Конференција главно се однесуваа на предизвиците при менаџирањето со дигиталните документи, на потребата од подобра онлајн достапност на архивските материјали, како и подготовка на архивите за новите генерации истражувачи со нови образовни програми и методи и користење на информатичката технологија.
 
Конференцијата ја организираа: Меѓународниот институт за архивистика од Трст и Марибор, Државниот архив во Трст, Словенечката истражувачка агенција и Катедрата за архивистика при Универзитетот Alma Mater Europeana.