Отпуштени 257 лица од кабинетот на турскиот премиер

Сподели

binali

Од кабинетот на турскиот премиер Бинали Јилдирим отпуштени се 257 лица и одземени им се личните документи, јавуваат турските медиуми.

Отпуштените службеници се осомничени за вмешаност во обидот за воен удар, извршен во петокот.

За време на чистките спроведени по неуспешниот пуч, отпуштени се илјада судии, полицајци, чиновници и вработени во верските служби.