Интервју на претседателот Стево Пендаровски за „Топ Тема“ на Телма (ВИДЕО)

Сподели

 

Евроинтеграциите на Република Северна Македонија, односите со Република Бугарија,  актуелните случувања во земјата на политички план, во областа на судството и именувањето на амбасадори,  беа теми на разговор во интервјуто на претседателот Стево Пендаровски за „Топ Тема“ на телевизија Телма.

 

„Историската комисија е важна, но не можеме да зборуваме за историја и само за историја, и низ успехот на таа историска комисија да вреднуваме дали некој заслужува да влезе во Европската Унија. Оттука го поздравувам пристапот на новиот бугарски премиер Кирил Петков оти историјата не треба да биде единствен канал на комуникацијата меѓу Скопје и Софија, и очекувам што е можно поскоро, дали овој или другот месец, да влеземе во практична конкретна реализација на тој негов план“, изјави претседателот Пендаровски во интервјуто, во однос на актуелните односи со Република Бугарија и очекувањата за поместување на позициите.