Јубилејна 200. книга на ИЛИ-ИЛИ: „Засолниште во времето“ од Георги Господинов

Сподели

 

На 22 декември, од печат ќе излезе новиот роман „Засолниште во времето“ од Георги Господинов, во превод на Душко Крстевски, со што ИЛИ-ИЛИ ќе ја заокружи бројката од 200 наслови на прагот од дваесетгодишнината од нивното постоење и делување.
 
Како еден од најчитаните автори од преводната литература, чии романи „Физика на тагата“ и „Природен роман“ и збирките раскази „И се’ стана месечина“ и „Сите наши тела“ се меѓу најкоментираните и најомилените меѓу нашата читателска публика, драго ни е што со новиот роман на Георги Господинов го славиме овој убав јубилеј на нашето издаваштво, информираат од ИЛИ-ИЛИ.
 
Истовремено, ја користиме можноста да го најавиме и излегувањето на уште две книги во овој период: збирката раскази „Нешто ќе се случи, ќе видиш“ од Христос Иконому, првиот превод на книга од грчки на македонски јазик во „ПРОаЗА“ (преведувач: Петар Андоновски), како и дебитантскиот роман „Најосаменото место“ на Симеон Јанков, со што ја продолжуваме нашата традиција на отстапување на нови имиња на македонската книжевна сцена.
 
Затоа, Ве покануваме за време на празничните денови да ја посетите нашата книжарница и низ насмевки и добри книги заеднички да ги прославиме овие убави моменти. 
ИЛИ-ИЛИ