ЗАЕВ: Преземам одговорност и оставам пример за граѓанската должност на идните лидери

Сподели

 

“Денеска ја поднесов оставката од функцијата Претседател на Владата на Република Северна Македонија до Претседателот на Собранието, Талат Џафери.
 
Демократијата значи и одговорност. Со мојата оставка, преземам одговорност и оставам пример за граѓанската должност на идните лидери, но и давам уште еден придонес во јакнење на демократскиот капацитет на државата.
 
Ми беше огромна чест што можев да служам и што ја имав довербата на мнозинството од народот во изминатите четири години.
 
Сакам да им се заблагодарам на пратениците во Собранието, овој и претходниот состав, на членовите на двата состави на Владата за време на моите мандати и на граѓаните на нашата држава.
 
Посакувам благосостојба и просперитет на сите наши граѓани, на сите заедници, на целиот наш народ.”
 
Зоран Заев, изјави