Читанки од едицијата „Млад истражувач“ на ХАЕМУС- предизвик за сите деца и млади

Сподели

 

Деновиве во издание на „ХАЕМУС“ излегоа од печат читанките „Археолошка тетратка и инвентарна книга на наоди“, „Праисториска читанка и вежбанка“ и „Туристички водич низ Скопје“, преку коишто едицијата „Млад истражувач“ се збогати со неколку нови изданија.

 

 

Покрај визуелно прилагодени текстови проследени со терминолошки речници, читанките содржат голем број интерактивни археолошки вежби кои ја разгоруваат фантазијата и креативноста на најмладите и создаваат можности за нови искуства. Промоцијата на изданијата ќе се одвива онлајн. Автор на овие изданија на „ХАЕМУС“ е Василка Димитровска.

„Млад истражувач“ е образовна програма на „ХАЕМУС“ со педагошки карактер, наменета пред сѐ за деца и млади. Оваа програма и едиција опфаќа широк спектар на боенки, читанки, вежбанки, како и интерактивни сетови и едукативни настани за богатото македонско културно наследство.