Јаневски: Немаме мерни станици кои треба да покажат колку е загаден воздухот

Сподели

 

“Евидентно е дека произведената електрична енергија ја добиваме од Термо Електраната во Битола и ТЕЦ Неготино со загадување и јаглен од увоз, а мерните станици кои ги немаме треба да покажат колку е загаден воздухот во Македонија”, напиша директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски на својот официјален ФБ профил.
 
“Тогаш каква е логиката од субвенционирање на Клими кога енергијата не ја добиваме од обновливи извори. Овие средства во буџетот на градот треба да се пренаменат за поставување на фотоволтаици по училиштата и со заштедата на енергија ќе го намалиме загадувањето во државата. Затоа ова и не е некое решение за поздравување.
 
Рекордни 24 милиони денари свои средства издвојува Град Скопје од буџетот за 2022-ра година за субвенции за купување инвертер клима уреди. Ова е најголема сума на средства кои биле издвоени во изминатите години”, додаде Јаневски.