Ракометната Федерација на Македонија, на репрезентативците им ја исплати премијата од 30.000 евра за пласманот на Светското Првенство во Франција 2017.
Македонија обезбеди пласман на Мундијалот во Франција откако ја совлада репрезентацијата на Чешка во квалификацискиот двомеч од баражот.
Ова е петти обезбеден пласман на македонските машки сениори на светските првенства, претходно настапуваше на СП во Египет во 1999, Хрватска 2009, Шпанија 2013 и Катар 2015 година.
На СП Франција 2017, Македонија ќе се натпреварува во групата Б, против Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола.
The post Ракометарите добија 30.000 евра за пласманот на СП 2017 во Франција! appeared first on Спорти.
Source: Sporty