ВЕРНА СОПРУГА – НЕ БЛАГОДАРАМ! – Една на Мајка

Сподели

536786_358707414191092_539717025_n

Токму со оваа реченица се сврте кон мене и го започна разговорот девојката со пламена коса и усни полно румени како охридски цреши. Пиеше водка во 07:00 и тоа уште повеќе ме збуни! Само што го допивав кафето во омилениот ресторан и летаргично ѝ се препуштав на рутината. Дома – кафетерија – работа. Сигурен терен од кој не отстапував. Што сака, пак,оваа? -,,Те гледам скоро секој ден!“ – како во бунило ги слушнав нејзините зборови. -,,Извини, рече нешто?“ – се свртев кон неа. -,,Да, и јас можам да бидам како тебе, но не сакам.“ – рече. -,,Не ме познаваш, а лесно ме процени. Искуство или интуиција“? – се насмевнав. Да биде како мене? Сигурна сум дека не сака. Тоа го кажа, но не ја знае суштината. Пакетот е привлечен, сакав да и кажам, но содржината не е. Таа не го знае тоа. А што сега ќе ѝ мудрувам на девојка која е сигурно дупло помлада од мене? Се насмевнав и ѝ климнав со глава. Беше упорна. Се сетив! Јас бев како неа на таа возраст. -,,Маж, дечиња, работа, стан, автомобил…?“ – редеше, а можеби заборави уште две – три ствари. -,,Да, сето тоа и уште нешто.“ – се насмевнав, а таа ги ококори очите. -,,Ти тргнало, значи? Е тоа е кога на едни им се посреќува на други црна темница“ – констатираше. Се извинив и станав. Кафето веќе одамна го имаше изгубено вкусот, а времето одмина уште многу одамна, МЕНЕ ме одмина. Се насмевнав горко на тоа, но вистина е. Со времето не можеш да се тркаш, никако! Но, можеш да го држиш на stand by, додека ја здогледаш темнината, како што ме потсети девојката. ,,Еј, знаеш…и јас можам да бидам нечија сопруга, но не можам да бидам верна“. – се насмевна иронично. Ја напуштив кафетеријата и застанав. Ми се слоши. Слики…фрејмови…ретро филм на венчавка, деца. Сакав да застанам и да и кажам нешто за верноста, но црвенокосата ја немаше на шанкот. Не знам каде отиде, но…исчезна. Само гордо се исправив, ги ставив очилата за сонце иако надвор се подготвуваше невреме. Излегов исправено и гордо. Солзите…одлична камуфлажа за моите солзи беа очилата за сонце. Пред да влезам во хотелот си ја поправив шминката, ја монтирав најсекси насмевката која не може да остане неприметна, и влегов во станот. Кревет со бела постелнина, непознат маж, мојот чекор кон него и во еден миг долгиот мантил на под. Ја отстранив широката шнола од мојата пламена коса, која како пласт во еден потег ги покри моите гради. Останатото е клише! Останатото е за егзистенција на мојот сопруг, децата, станот… и мојата сијамска мачка. А јас? Се сетив… Јас бев ТАА пламената на шанкот. Што и да правам каде и да се кријам, ТАА напаѓа. ,,Реалноста гризе, а минатото те проголтува, драга моја. Сакаш брза или болна и долга смрт, пршањето е. А секогаш постоела можност ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ!“ ИЗБЕРИ!