Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ спроведува акција со која долговите кои сите правни и физички лица ги имаат кон претпријатието може да се платат на рати без пресметка на камата.
Акцијата за подмирување на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од денес (01.02.2022 година), а заклучно до 15.03.2022 година. Со оваа акција на сите корисници им се овозможува истите да ги исплатат на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот.
Сите заинтересирани корисници кои што имаат заостанат долг кон ова претпријатие, во наведениот период треба да аплицираат за склучување на договори за исплата на долг без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Од претпријатието апелираат до граѓаните, поради ковид пандемијата, да ги почитуваат протоколите при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите.
За дополнителни информации за поволностите од оваа акција граѓаните можат да се обратат на: 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција.