Мехмедовиќ: Потребна е вакцинација, а за некои професии и задолжителна вакцинација

Сподели

 

Од вчера портпарол на Комисијата за заразни болести е д-р Злате Мехмедовиќ. Тој вели дека неговата позиција, исто како и членувањето на другите експерти, е неплатена и дека е потребна за информирање на популацијата која е склона да се приклонува кон непроверени информации и теории на заговор.

“Пред се е одговорност, но и чест да се грижиш за здравјето на граѓаните. Во насока на тоа, на покана од Министерот за здравство, прифатив да бидам член на комисијата но и лице кое што, еве, ќе го носи можеби најтешкиот дел од оваа Комисија за заразни болести, а тоа е да бидам портпарол т.е лице кое ќе комуницира со јавноста за да пренесеме една реална слика за тоа како и зошто се носат препораките и што значат тие за граѓаните” – изјави д-р Мехмедовиќ.

Познато е дека д-р Мехмедовиќ цврсто се залага за вакцинација, па дури и за некои професии за задолжителна вакцинација. Тој вели дека неговото членување во Комисијата не било условено со неговите ставови, а дека во Комисијата ќе се спротивстават различни ставови.

-Мојот став за вакцинацијата, за училиштата, за тоа како треба да се следи пандемијата произлегува од искуствата на другите земји каде што прво поминуваа брановите на вирусот, вели д-р Мехмедовиќ.

На прашањето зошто во Македонија има загрижувачки бројки на починати д-р Мехмедовиќ вели дека ќе бидат преразгледани сите бројки.

-Да, точно е дека имаше манипулација со бројките, но за ова ќе се разговара на Комисијата за заразни болести. Факт е дека нашата земја е на шесто или седмо место во светот по број на починати, вели д-р Мехедовиќ.

Носењето на протоколи е работа на Министерството за здравство, а не на Лекарската комора, но дијалог меѓу институциите мора да има. Ние ќе ги видиме досегашните упатства и начинот на кој се дисперзирани кај лекарите, вели Мехмедовиќ. Упатство за практикување на медицина базирана врз докази е она што популарно се нарекува „протоколи“ и тоа треба да се применува.