Француската полиција денеска спровела антитерористичка операција во регионот северно од Париз, соопштија претставниците на полицијата и на правосудството.
Операцијата во областа Аржантој не е директно поврзана со нападот во Ница, кој беше изведен минатата недела, рекоа правосудните органи.
Медиумите јавуваат дека се извршени најмалку два претреса и оти во нив учествувале специјалните полициски сили.
Медиумите јавуваат дека во тоа подрачје е забележан и хеликоптер.
Според последните податоци, приведени се 20 лица, а полицијата при операцијата не пронашла експлозиви, ниту пак открила оружје.