Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска оствари виртуелна средба со високи претставници од Светска банка на тема загадување на воздухот, во насока на продлабочување на соработката и детектирање на предизвиците и можностите за поуспешен пристап кон управувањето со квалитетот на воздухот во нашата држава.
Во фокусот на дискусиите беа зајакнувањето на капицетот на мониторингот на квалитетот на воздухот, проценката на можностите за финансиска поддршка од Светска Банка при реализација на проекти во општините во кои има надминување на дозволените вредности за квалитет на воздух и спроведувањето на политиките за заштита на воздухот преку примарната и секундарната легислатива.
Во текот на состанокот беа разгледани и потребата од воведување на нови методи за следење на квалитетот на воздухот во Централната лабораторија, потребата од изработка на локални планови за квалитет на воздухот и контрола на загадувањето, како и потребата од техничка поддршка за зајакнување на институционалните капацитети во оваа област.