Времето денес ќе биде претежно сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје:Сончево и тивко.T= 13 °C, P= 996 hPa, U= 45 %, V= 1 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).
Температурата ќе се движи од -7 до16 степени.
Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, температурата повторно ќе се намали за неколку степени, а облачноста ќе се зголеми, па во следните денови ќе преовладува променливо облачно време.