Избрани се новите заменици-министри

Сподели

 

По повеќечасовната дебата во Собранието, вчеравечер избрани се замениците-министри во Владата, предложени од премиерот Димитар Ковачевски.

За заменици-министри, со мнозинство гласови во Парламентот се избрани:

  • Башким Хасани, за заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана,
  • Назим Буши за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи,
  • Агим Нухиу за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда,
  • Џабир Доко за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците,
  • Фатмире Исаки за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи,
  • Филип Николоски за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии,
  • Зоран Маневски за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија,
  • Абдулшуќур Абедини за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,
  • Владимир Рендевски за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство,
  • Лулзим Алиу за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука,
  • Зоран Димитровски за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа,
  • Даим Лучи за заменик на министерката која раководи со Министерството за култура,
  • Александар Бајдевски за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација,
  • Беким Реџепи за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски и
  • Христина Оџаклиевска за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.