Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски преку својот Твитер профил ја осуди одлуката на Руската Федерација да ги признае регионите Донецк и Луганск во Украина како „Народни Републики“.
Премиерот Ковачевски на социјалната мрежа напиша:
„Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики“.
Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015.
Заедно со НАТО сојузниците повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат, изјави премиерот Ковачевски.