Санкционирани 211 возачи и 293 пешаци за прекршоци во сообраќајот

Сподели
 
Во текот на вчерашниот ден МВР спроведе засилена акциска контрола на територијата на дрѓавата, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 211 возачи.
 
Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 110 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 101 надвор од населено место.
 
Исто така, во текот на вчерашниот ден, во периодот од 11.00 до 16.00 часот, спроведена е засилена акциска контрола и за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.
 
Притоа, санкционирани се 293 пешаци од кои, 253 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 33 за минување на црвено светло… Од нив 77 на територија на СВР Скопје, 47 на територија на СВР Битола…
За време на контролата регистрирани се и 146 останати прекршоци.
 
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.