Во услови на безбедносна криза гледаме колку е важно членството во НАТО

Сподели

 

Воената агресија врз Украина и загрозувањето на нејзиниот суверенитет покажува колку безбедноста и сигурноста на граѓаните може лесно да биде загрозена. Ова ни покажува колку за нас, за Северна Македонија е важно членството во НАТО алијансата, се вели во соопштението на СДСМ.

Со нашето членство во НАТО, успеавме да ја исполниме нашата стратешка цел, обезбедивме сигурност и безбедност на граѓаните. НАТО за нас значи обезбеден суверенитет и територијален интегритет.

Нашите граѓани да бидат спокојни, како членка на НАТО, ја уживаме заштитата на најмоќниот одбранбен сојуз во светот.

Во услови на дополнително продлабочување на енергетска криза, од исклучителна важност е што новата Влада предводена од СДСМ исправно се постави.

Сите ресурси ги насочивме кон соочување со последиците од енергетската криза и презедовме мерки за заштита на стандардот на граѓаните.

Будно ги следиме светските економски текови и делуваме во насока на заштита на домашната економија и стандардот на граѓаните.