Русија го затвори своето небо за прелети од 36 држави

Сподели

 

Русија воведе реципроцитет кон дел од земјите кои одлучија да го затворат својот воздушен простор за прелети на руски авиони.

„Во согласност со нормите на меѓународното право, како одговор на забраната на европските држави дека обавувањето на летовите на цивилните авиони со кои управуваат руските авиопревозници и/или се регистрирани во Русија , воведено е ограничување на летовите на авиопревозниците од 36 држави“, наведено е во соопштението кое го објави Ројтерс.

Како што е прецизирано, ограничувањата се однесуваат на авио-превозниците од следните земји: Австрија, Албанија, Ангвила, Белгија, Бугарија, Британските девствени острови, Велика Британија, Унгарија, Германија, Гибралтар, Грција, Данска (+Гренланд, Фарски Острови, Територијално море), Џерси, Ирска, Исланд, Шпанија, Италија, Канада, Кипар, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Финска, Франција, Хрватска, Чешка Република, Шведска и Естонија.

Со оглед на одлуката на ЕУ и други европски земји, за затварање на Европскиот воздушен простор за руските авиопревозници, Министерството за надворешни работи апелира, нашите граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да ги искористат сѐ уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја./мета.мк