Нови 8.000 парчиња виндјакни за припадниците на полицијата

Сподели

 

 
Во МВР пристигнаа 8.000 парчиња виндјакни за припадниците на полицијата кои денеска ќе бидат распределени.
 
“Започнувајќи од 2017 година, откако беше преземено раководењето на МВР од страна на министерот Оливер Спасовски, со нова стратешка поставеност на МВР за периодот од 01.06.2017 до 18.01.2022 реализиравме инвестиции во униформи во вредност од над половина милијарда денари со вклучен ДДВ или безмалку 10 милиони евра. Така, специјалните единици добија повеќе комплети нова униформа, униформи се набавени и за останатите полициски службеници, а само од јули 2021 година до крајот на 2021 обезбедивме 10.000 кошули со долг ракав и 10.000 кошули со краток ракав за припадниците на полицијата, 2330 парчиња флуоросцентни елеци, 660 комплет униформи за приправници, 30 комплети работни одела за кујни, 34 парчиња воздухопловни јакни, 19 парчиња воздухопловни комбинезони и 7 парчиња специјални заштитни комбинезони, како дел од униформа за воздухопловен персонал, по 473 парчиња цивилна облека, обувки, цивилни кошули и цивилни чевли, 8.000 парчиња “поло” маици, 10.000 рала полувисоки чевли”, информираат од МВР.
 
 
 
 
Во рамки на планот за материјално-техничко подобрување на условите за работа на полициските службеници, реконструирани и санирани се 70 објекти на МВР на територијата на целата држава, трансформирани и на енергетски план, со нови системи за ладење и греење, промена на прозорци и врати, подови и кровови, нови термоизолациски фасади, со што директно се овозможени заштеди во буџетот, со намалување емисии на штетни гасови, кое придонесува кон заштита на животната средина. Во моментов, интензивната градежна офанзива е во тек на уште 7 објекти, и тоа: ОВР Радовиш, ОВР Делчево, ОВР Берово, ЕВР Карпош, Одделот за заштита на личности и објекти во Скопје, ЕВР Гази Баба и ОВР Свети Николе, со тоа што прв ќе биде промовиран објектот на Единицата за внатрешни работи Карпош, како 71 реконструиран објект. Исто така, обезбедени се и поголем број донации во возила и опрема за разни полициски организациони единици, а се модернизира и возниот парк.
 
“Продолживме и со грижата кон остварување на правата на вработените, со тоа што ги исплативме трите заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови во претходната година, а наскоро ќе биде исплатена и бонус платата за 2021 година, додека со Буџетот на МВР за 2022 година, обезбедивме средства за зголемувања на платата за 5% на сите вработени во МВР во септември 2022 година”, дополнуваат од МВР.