Повеќе ништо нема да биде исто – Променети се правилата при доделување на Златната топка!

Сподели

Францускиот „Л’Екип“ објави нови правила по кои ќе се води „Франс фудбал“ при доделувањето на „Златната топка“.

фото: Profimedia

Една од измените е тоа што при изборот на најдобрите ќе се смета периодот од август до јули, а не цела календарска година. Значи, сезоната ќе ја смени годината.

Главната причина е што досега се запазени втората полусезона и првата половина од следната сезона.

Втората промена е што досега гласале новинари од 170 земји кои се членки на ФИФА, а отсега тоа ќе можат да го сторат само оние од првите 100.

Тоа ќе спречи врз резултатите да влијаат новинарите од оние земји кои немаат фудбалска традиција, како и оние кои немаат ни пристап до натпревари.

Третата важна промена е дека веќе не се важни трофеите што некој играч ги освоил или не, туку само неговите индивидуални игри.

Наводно, причината за овие промени била минатогодишната награда, кога според многумина Лео Меси неоправдано ја зема „Златната топка“.

Се очекуваше да му припадне на Роберт Левандовски, кој за утеха беше прогласен за најдобар напаѓач.

The post Повеќе ништо нема да биде исто – Променети се правилата при доделување на Златната топка! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico