Комисијата за заразни болести со препорака децата во основните училишта да не носат маски

Сподели

 

Да се укине обврската децата во училиштата да носат маски како заштита од ковид, е една од трите мерки што Комисијата за заразни болести ги предлага, а за кои соопшти на денешниот редовен состанок.

„Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, но и на оние критериуми што ги споменавме минатиот пат со кои се обидуваме да ја објективизираме процената на епидемиолошкиот ризик, донесе три мерки“, изјави д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Првата мерка, како што рече, е да се укине задолжителната обврска децата до деветто одделение во училиштата да носат маски за заштита од коронавирусот. Тој додде дека, обврската за носење маски останува за наставниците и техничкиот персонал.

Комисијата денес изгласа и одлука за зголемување на капацитетот на посетители на настани во затворени објекти, како што се кина, опери, театри од 50 отсто на 75 отсто и да не се бараат сертификати за примена вакцина или за прележување на болеста на отворениот дел во угостителските објекти

Овие предлог-мерки ќе ги препорачаат до Главниот кризен штаб и до Владата во најскоро време.

„Со постепено олабавување на мерките согласно епидемиолошкиот ризик,  доколку успееме на терен да ја контролираме на епидемиолошката состојба, сметаме дека можеме да не се доведеме до ситуација во која се доведоа Германија, Австрија, Велика Британија и Данска, каде што имаше нагло зголемување на бројот на новозаразени, на хоспитализации и на починати“, рече Мехмедовиќ.