ОН го прогласи 15 март за Меѓународен ден против исламофобијата

Сподели

 

Генералното собрание на Обединетите Нации со резолуција го прогласи 15 март за Меѓународен ден за борба против исламофобијата, пренесува Еј-Би-Си Њус.

Оваа одлука е усвоена преку консензус на светската организација, која денес брои 193 земји членки. Истата е ко-спонзорирана од 55 воглавно муслимански држави и го посочува правото на слобода на религија и верување, што потсетува на резолуцијата донесена во 1981 година која повикува на „елиминација од сите форми на нетолеранција и дискриминација базирани на религијата или верувањето“.

Веста оваа одлука беше споделена и на Твитер профилот на ОН:

„Генералното собрание повикува на зајакнување на меѓународните напори за поттикнување на глобален дијалог за промоција на културата, толеранцијата и мирот, на основа на почитувањето на човековите права и различностите во сферата на религијата и верувањата.“

 

 

15 Март го одбележува денот на сеќавање на трагичниот масакр кога вооружен маж влезе во две џамии во Крајстчурч, Нов Зеланд и уби 51 човек и рани 40./мета.мк