Арсовска и Балканската коалиција на жени со нови иницијативи за родови политики

Сподели

 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, оствари работна средба со Балканската коалиција на жени.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката на Град Скопје со Балканската коалиција на жени, со цел развој на социјалното и женското претприемништво на локално ниво и нови иницијативи за родови политики.

– Преку заедничка соработка ќе покажеме дека заедно можеме да работиме и на локално ниво, во насока на поддршка на развојни проекти за поддршка на социјалното и женското претприемништво. Искучително е важно обезбедување системска поддршка која ќе гарантира економска сигурност и финансиска независност, како и фер третман за овозможување кариерен напредок на жените – истакна Арсовска на денешната средба.

Градоначалничката Арсовска на панел дискусијата што се одржа на 8-ми Март, во рамки на Националната платформа за женско претприемништо, ја потпиша Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво, која како една од целите ќе го потикнува креирањето на политиките во реформскиот процес за поголемо учество на жените во процесот на одлучување и креирање на политики на локално и национално ниво.

Од 13 до 20 март во Скопје се одржува Конференција на Балканската коалиција на жени, во која учствуваат претставници од седум Балкански држави, кои заеднички во периодот од 2020 до 2022 година работат на Проектот “Развој на социјалните претпријатија/претприемништво“.