Симовски: Резултатите од пописот ќе бидат објавени на 30 март

Сподели

 

Kонечните резултати од Пописот ќе бидат објавени на 30 март, соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

– На Пописот секој граѓанин имаше право да се попише како што смета. Илузија е да се очекува да има раст на населението кога има пораст на емиграција.

Според него, демографската стратегија пред 16 години била многу погрешна.

– Ни емигрираат млади луѓе кои го носат наталитетот. Треба друг тип на политика. И кога ќе се направат најдобрите мерки не може да се очекува демографски бум. Секој од нас да има можност од квалитетна работа, втор фактор – можност за квалитетно образование, требаат и квалитетно здравство и добра комуникација и петто, човечките потреби да има можност секаде да се задоволат. Проблемот е и со миграцијата на внатрешно ниво – посочува Симовски.

Пописот траеше од 5 до 30 септември 2021 година. Според податоците на Државниот завод за статистика објавени веднаш по завршувањето на Пописот, беа попишани вкупно 1.832.696 лица, регистрирани се 568.175 домаќинства и 837.255 станови.

Последниот попис во државава беше одржан во 2002 година, кога вкупното население изнесуваше 2.022.547 лица.