Обука за итни ситуции за тактички одговор при кризни ситуации за атомско биолошка и хемиска одбрана

Сподели

 

Неделава, од 14 до 18 март во Скопје, во организација на Канцеларијата за соработка во одбраната при Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, претставници од Центарот за управување со кризи предводени од директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, заедно со заменик директорот Екрем Зендели и со раководителот на Секторот за операции и координација Горан Стојановски активно учествуваа во Командната насочена обука за итни ситуции за тактички одговор при кризни ситуации за атомско биолошка и хемиска одбрана (АБХО).

 

 

Оваа командна обука за итни кризни ситуации на којашто главни учесници се армиската АБХО четата на АРСМ, покрај ЦУК активно ги вклучува и ДЗС, претставници на локалната самоуправа, Противпожарна, МВР, Министерство за одбрана, Министерството за здравство, Балканските медицински сили, Црвениот крст и други субјекти од системот за управување со кризи (СУК), е во престрет на претстојната Командно-штабна вежба планирана за периодот од 21 до 25 март годинава во Скопје.

 

 

На вежбата се планира и активно вклучување на НАТО командниот систем за итни ситуации НИКС што под раководство на раководителот на Секторот за меѓународна соработка во ЦУК, Урим Вејсели и тим колеги, беше користен како командна алатка за итни кризни ситуации при големата НАТО вежба „Северна Македонија 2021“ што се одржа во Охрид во организација на НАТО и ЦУК и активно учество на многу субјекти од СУК од нашата држава како домаќин и многу учесници од странство (вкупно околу 700) – од 28 земји и 17 меѓународни организации за итни случаи што работат во сферата на кризниот менаџмент. 

 

 

Активностите за Сегашната обуката и за вежбата се под покровителство на Агеницијата за намалување на заканите на одбраната на САД  (Defense Threat Reduction Agency – DTRA – USA).  Ангелов размени искуства со одговорниот за активностите од страна на САД, мајорот Лукас Хофман  (Major Lucas Hoffman – SWMD Security Cooperation Engagement Program). Целите на командната обука и вежбата на субјектите на СУК од нашата држава заедно со претставниците од САД се да се извежба, потврди и надогради соодветниот заеднички одговор при итни кризни ситуации.