(ВИДЕО+ФОТО) Тука англичаните ќе уживаат за време на Мундијалот во Катар – Одат во рај со 5 ѕвезди!

Сподели

Англичаните веќе одлучија во кој „рајски“ хотел ќе престојуваат во Катар за време на Мундијалот 2022!

Светското првенство во оваа заливска земја се најавува како можеби најлуксузното во историјата, а репрезентацијата на Англија ќе ги има сите предуслови повторно да се обиде да се вклучи во борбата за финалето.

Британски „Дејли мејл“ откри како изгледа хотелот со пет ѕвезди во кој тимот на Герет Саутгејт ќе поминува време во текот на ноември и декември оваа година.

Станува збор за хотелот „Souk Al Wakra“, кој се наоѓа во Ал Вакра, на околу 15 километри јужно од Доха.

Англиската база за време на Мундијалот е луксузен хотел во кој има и спа каде што еден час уживање чини околу 150 евра!










Овој хотел има своја приватна плажа на која Англичаните ќе можат да уживаат и да се релаксираат меѓу натпреварите, а во рамките на комплексот има многу палми, отворени базени, џакузи и луксузни сали за состаноци…

Погледнете како изгледа хотелот во кој ќе престојуваат Англичаните за време на Мундијалот:

The post (ВИДЕО+ФОТО) Тука англичаните ќе уживаат за време на Мундијалот во Катар – Одат во рај со 5 ѕвезди! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico