Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ изминатата недела исчистија големо количество отпад од парк-шумата Водно.
Со подобрувањето на временските услови и зголемената посетеност на парк-шумата Водно се зголемува и количеството на отпадоци фрлени од несовесни посетители.
Во рамките на оваа акција на ЈП „Паркови и зеленило“ собраа четири полни камиони со отпадоци и тоа кај набљудувачницата пред Средно Водно, кривината кон патот за Сончев Град и на малиот паркинг.
Град Скопје апелира граѓаните да се грижат за природата, да го одложуваат отпадот во најблиската корпа за отпадоци и да се одржува Водно чисто.