Координација на затворските управи и медицинскиот персонал за обезбедување здравствена заштита

Сподели

 

Државниот секретар, д-р Јусуф Хасани, денеска, присуствува на настанот за координација на затворските управи и медицинскиот персонал за обезбедување здравствена заштита во затвори и претставувањето на стандардната оперативна процедура за вршење здравствена заштита.
 
 
 
 
– И покрај силниот фокус во справувањето на Министерството за здравство во борбата со пандемијата, на висок степен се одржа посветеноста кон активностите на проектот со уверување дека тој ќе ја исполни својата цел, односно дека со конкретната поддршка на Советот на Европа и ЕУ ќе успееме во јакнењето на капацитетите за обезбедување оддржлива квалитетна здравствената заштита во затворите во државата, истакна државниот секретар д-р Хасани.
 
Тој исто така информираше дека успешно се реализирани сите планирани активности од компонентата здравство во проектот,со акцент на спроведените обуки на лекари и медицински сестри ангажирани со работа во затворите кои имаа можност за пристап до сознанија за современите начини за спроведување на здравственета заштита во специфични услови и со специфични пациенти.
 
Министерството за здравство, заедно со останатите ученици во процесот учествуваа во подготовката и даваат целосна поддршка на содржината на „Националната пенитенцијарна стратегија на Република Северна Македонија“, како на еден од најважните сегменти во поставувањето на приоритетите за продолжување на започнатите реформи во затворите.
На овој настан исто така присуствуваа претставници на програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, претставници на Управата за извршување санкции и на казнено-поправните установи, претставници од јавните здравствени установи.