Претседателот на Украина, Володимир Зеленски моментално се обраќа пред пратениците во паралментот на Италија.
Зеленски им кажа на италијанските пратеници дека неговата земја е на работ да ја преживее војната со Русија и предупреди дека Москва сака да се пробие до остатокот од Европа.
„За руските војници Украина е портата на Европа, каде што сакаат да упаднат, но не смее да се дозволи варварството да помине“, рече тој.
„Ароганцијата на руската влада се судри со достоинството на украинскиот народ, кој успеа да ги ограничи експанзионистичките цели на Москва и да наметне огромна цена на окупаторската армија. Украина пружи „херојски“ отпор на руската инвазија“, изјави италијанскиот премиер Марио Драги, по говорот на украинскиот лидер Володимир Зеленски.